Нелоски до Град Скопје: Разбудете се, ФК Вардар пропаѓа!

Претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски во вечерашното издание на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија испрати апел до властите за спас на ФК „Вардар”.

„На крај од емисијата да спомнам една неполитичка тема за повик до сите власти и централната и до градската, околу згаснувањето и пропаѓањето на ФК „Вардар”. Фудбалскиот клуб пропаѓа, а тој е најголемиот симбол на Република Македонија и на Градот Скопје.

Цела Европа Македонија ја препознава преку ФК Вардар. Затоа треба да се најде решение и начин за спас на нашиот клуб Вардар. Ова го кажувам неполитички и нема да дебатирам туку како обврска го кажувам и како некој кој бил 10 години дел од тој клуб.“ – рече Нелоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде