Не влезе во тимот на Рускоска, Фатиме Фетаи избрана за Виш јавен обвинител

Не доби доволно гласови да влезе во тимот на Вилма Рускоска, односно да се бори против организираниот криминал и корупција, но сепак Фатиме Фетаи е избрана за јавна обвинителка во Вишото обвинителство, пренесе Тв21.

За оваа позиција доби поддршка од девет, од вкупно 11 членови на Советот на обвинители кои гласаа на денешната седница.

Кога се најде како предлог за Обвинителството за организиран криминал и корупција, Фетаи доби само четири гласови.

Освен Фетаи во Вишото обвинителство во иднина ќе работат и обвинителите Бурим Рустеми, Наум Пановски, Сашо Трајчев и Снежана Георгиевска.

Колевски рече дека не е извршено политички влијание во изборот на ниту еден обвинител, ниту пак за обвинителката Фатиме Фетаи. Иако во медиумите кружеше информацијата дека токму Фетаи била номинираната обвинителка од СДСМ.

Во меѓувреме обвинителите Лиле Стефанова, Трајче Пеливанов, Артан Ајро, Катерина Коларевиќ, Наташа Поптрајкова се избрани за обвинители во Обвинителството за организиран криминал, односно ќе работат со Вилма Рускоска. Од сите кандидати обвинителите на поранешното СЈО биле меѓу најценетите и речиси сите се вработени во Обвинителството за организиран криминал и Вишото обвинителство.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде