Не е една, туку се две млади девојки жртви од ковид – на 23 и на 24 години

Дваесет и тригодишна девојка од Кичево и 24-годишна пациентка од Скопје се двете најмлади жртви од ковид меѓу 17-те смртни случаи во изминатите 24 часа во земјава.

Според објаснувањето од Министерството за здравство, девојката од Кичево имала и други хронични заболувања, а ковид само и ја комплицирал здравствената состојба.

Девојката од Скопје, пак, починала на Инфективната клиника каде се лекувала последните денови, и каде била пренесена од еден од ковид-центрите на интерните клиники.

Претходно таа се лекувала дома, со антибиотик, по препорака на матичниот лекар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде