Напаѓаме со Нестор и Пандев, можен состав за вечерашниот дуел

Репрезентацијата на Македонија вечерва ќе ги стартува мундијалските квалификации, а противник ќе ни биде Романија.

Натпреварот се игра со почеток до 20:45 часот, а пред овој натпревар селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми со повреди. Арјан Адеми и Дарко Велковски кои се во составот веројатно нема да бидат на располагање за вечерашниот натпревар. Ќе потсетиме, претходно поради позитивни ковид тестови во своите клубови отпаднаа Ѓоко Зајков и Тихомир Костадионов, Иван Тричковски поради повреда не е ниту во составот.

Во отсуство на Адеми, во средниот ред треба да бидат Барди, Елмас и Николов. Во одбраната пак местото на Велковски веројатно ќе го пополни Кире Ристевски кој ќе се најде во дефанзивата заедно со Бејтулаи и Муслиу. По бочните позиции стандардно ќе се најдат Ристовски десно и Алиоски лево, а во нападот според најавите ќе стартуваме со Несторовски и Пандев. Ова значи препознатлива за нас формација 3-5-2, која во офанзива ќе преоѓа во 3-4-3, а во дефанзива во 5-3-2. На голот секако се очекува да биде стандардниот Столе Димитриевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде