Најсреќната земја во светот е Финска, Македонија најнесреќна во регионот

Финска, четврта година по ред остана на врвот на листата на најсреќни земји во светот, а Македонија е рангирана на 94. место од вкупно 149 земји.

Во извештајот кој го објави ОН Финска е најсреќна земја, а зад неа следуваат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург и Нов Зеланд.

Во регионот најдобро котира Словенија, која е на 29. место, потоа следува Косово на 33, Србија на 48, Хрватска на 60 место, Босна и Херцеговина на 64, Грција на 68, Црна Гора на 72, Бугарија на 88, Албанија на 93, Македонија на 94 место.

Индексот на среќа се темели на различни фактори како БДП по жител, очекуван животен век на граѓаните, степенот на слобода, перцепцијата на корупција во владата и институциите и слично, а целиот може да го погледнете на следниот ЛИНК.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде