Најново истражување: Зарипнат глас е еден од симптомите на Омикрон

Според научници од Велика Британија, зарипнат глас е еден од симптомите на омикрон сојот на коронавирусот.

Велат дека зарипнатиот глас ќе се појави пред да ви се појават другите симптоми. Доктор Анџелик Коетзи од Јужна Африка,

која прва го откри овој сој, вообичаените симптоми на мутантниот омикрон се болки во мускулите, замор, гребење во грлото и ноќно потење.

Пациентите пријавиле дека гласот им станал зарипнат, и покрај тоа што ниту пееле ниту викале.

Честопати овој несакан ефект, кој е предизвикан од чешање, а не од болки во грлото, доаѓа пред другите симптоми, како што се затнат нос, сува кашлица и болка во долниот дел на грбот.

Овие знаци се разликуваат од симптомите на првобитниот сој откриен пред две години.

Како и алфа и делта пред него, омикрон предизвикува специфична низа симптоми.

Сојот го има и во Косово, а претходно е потврден и во другите земји во соседството и регионот. Омикрон веќе е потврден во над 110 држави во светот. Првично се појави во Јужнба Африка.

Во Македонија засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна.

За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна.

Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде