Најава: Од утре не очекува дестабилизација на времето

Нови врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмотевици, најавуваат метеоролозите за сабота и понеделник.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет.

Најоблачно и најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринските температури утре ќе бидат во негатива во некои делови и ќе се спуштат до минус четири, а од задутре ќе се движат од три до девет степени. Дневните температури ќе бидат од осум до 18 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде