МВР со детали за синоќешната акција во Велешта

Во акција на полицијата предводена од специјалната единица „Тигри“ синоќа беа уапсени синовите на Дилавер Бојку-Леку, Ербен и Бесник.

Од МВР излегоа со соопштение за акцијата:

„На 19.03.2021 околу 21.45 час. на патот Струга-Дебар, пред с. Велешта полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага во соработка со ОСОСК и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишија од слобода Е.Б. (35), кој се барал со потерници од Основен суд Струга по чл.123, чл.396 и чл.244 од КЗ на РСМ, осуден на казна затвор од 21 година.

При приведувањето кај Е.Б. е пронајден пиштол. Приведен е и Б.Б., кај кого исто така е пронајден пиштол.“ – стои во соопштението на МВР.

Инаку, таткото на приведените Дилавер Бојку-Леку во 2017 година беше убиен од позади грб со куршум во глава во Струга пред својата кафеана во близина на старата автобуска станица. Беше познат осуденик за нелегална проституција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде