Седат Бајрами, Бесир Љатифи и Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи се наркобосовите од Грчец, кои се во бегство, а по кои се трага МВР.
МВР распиша меѓународна потерница за нарко-босовите од Грчец по акцијата „Планина“ која беше спроведена во текот на минатата недела.
МВР успеа да приведе неколку лица, но главните успеале да побегнат, па денеска се распишани потерници.
