МВР: 149 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43, шест санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, девет прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 58 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде