Драма во Скопје: Девојка во обид да скокне од висококатница

Денеска околу 12.30 часот било пријавено дека млада девојка е качена на балкон и сака да скокне.

Младата 35 годишна девојка имала намера да скокне од висококатница во скопски Карпош, но специјалци ја спречиле во намерата.

Припадници на полицијата со јажиња се качиле на горниот кат и ја затвориле излезната врата од балконот на долниот кат каде што била девојката.

Откако беше приведена девојката со возило на итната медицинска помош беше пренесена во психијатриската болница Бардовци.

МВР ги утврдува причините, а повеќе детали најави за следните денови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде