Неодамна се постави прашањето зошто Министерството за здравство не стави крај на монополот каде граѓаните плаќаат многу високи цени за здравствени услуги во приватните болници.
„Приватните болници не се во надлежност на Министерството за здравство и затоа не можеме да коментираме ништо што е поврзано со нивната политика на формирање на цените, се додека тие не се во мрежата здравствени установи.“- соопштија од Министерството за Слободен печат.
Социјалните мрежи се преплавени со апели за помош на пациенти чии семејства собираат донации, откако од државното здравство биле префрлени во приватна болница и се соочуваат со вртоглави сметки. Некои приватни болници, бараат депозит однапред, пред да го примат пациентот да се лекува.