Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше конвалесцентна плазма.
„Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19.
Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот. Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!“, напиша Спасовски на Фејсбук.