Mилован има болест на белите дробови, барал подобра работа, но добил отказ (ВИДЕО)

Борбата за сопственото здравје во Македонија доведува и до откази од работа. Милован Матовиќ кој со години се бори со хронична болест на белите дробови и алергии од почетокот на панедемијата бара правда и подобри услови за работа во општина Кисела Вода доби отказно решение.Тој за Алфа раскажува за мобингот кој го трпел со месеци наназад од страна на претпоставените односно од секретарот Александар Алексовски.

Матовиќ обвинува дека нема законска основа за неговиот отказ.

“Партиска комисија од 5 члена – ново вработени, меѓу кои едниот беше вработен само десет месеци донесоа одлука со која на градоначалникот му предложија мое отпуштање од работа и вчера го добив решението за отказ. Само затоа што барав да бидам заштитен по протоколите на кои цело време се отповикуваат властите не само за мене туку и за сите вработени.“ – вели Матовиќ.

Матовиќ се жали дека не можел ни да се брани од неправдата врз него.

“Раководителот на сектор , жената негова е братучедка на граодналаникот.Секретарот кој треба да ги брани работничките права истовремено е и секретар во општината и е претседател на Синикатот.Под тие услови немав услови за правда , институциите не реагираат ,од трудова инспекција не добив одговор.” – кажува тој.

Инаку, Милован Матовиќ во општина Кисела Вода работи како административец цели 15 години. Тој сите овие месеци бараше да биде заштитен од лошите услови за работа во ек на пандемија за на крај да остане без работa.

Извор: Алфа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде