Милошоски: Караџовски е само фигура во бел мантил

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку својот Фејсбук профил упати критики кон првиот човек на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски. Тој побара негова оставка поради тоа што пред три седмици Караџовски убедувал дека сѐ е под контрола.

„Караџовски е лош пример, бидејќи наместо лекар со интегритет и етика, денес тој е само фигура во бел мантил која служи како марионета во политиката, а со тоа ги зголемува ризиците по јавното здравје. Оставка и одговорност“, напиша Милошоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде