Милошоски: Ако не се вакцинирани попишувачите не им отворам врата

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски се огласи на фејсбук и напиша дека нема да ги прими потпишувачите во својот дом додека не покажат дека е вакциниран против Ковид-19.

„Како родител на 5 малолетни деца, како сопруг и човек кој според Закон за време на кризна состојба и епидемија е должен да го штити здравјето на најблиските, своето и здравјето на другите, нема да примам попишувач, доколку истиот не покаже книшка дека е вакциниран против Ковид19

Здравјето не може да се одложи, пописот може!“ напиша Милошоски на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде