Милчин: Скопјани ќе го казнат СДСМ на локалните избори

Владимир Милчин вечерва гостуваше во емисијата на Канал 5 „Само Виситина“, каде помеѓу другото рече дека СДСМ тешко ќе победи на локалните избори.

Милчин посебно го напомена Скопје, каде според него СДСМ ќе биде казнет поради уништувањето на градот.

„Ова што се случува со Скопје, што се се прави во Скопје, како се уништува градот практично, како се распродава земјиштето, во овој град ќе биде невозможно да се живее. Според тоа јас мислам дека скопјани ќе го казнат СДСМ“- рече Милчин.

Милчин смета дека и во целата држава СДСМ тешко ќе ги добие изборите поради пропустите кои ги направиле властите.

„Локалните избори ќе покажат многу. Јас мислам дека СДСМ тешко ќе ги добие изборите локални, мислам дека толку проблеми, толку пропусти има, што тешко ќе добијат.“ – додаме Милчин.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде