Мицковски: „Го поправив прозорот на Инфективна каде што лежев, во соба 302 сега им е топло“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 го искажа своето искуство на Инфективната клиника каде беше хоспитализиран со коронавирус.

„Го поправив просторот во просторијата која лежев, во првите денови каде што лежев беше премногу ладно, а прозорот не се затвораше. После во таа соба 302 после мене кој беа таму, им беше потопло“, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека че стори се да направи тие луѓе кои работат таму и кои се борат со коронавирусот, да се чувствуваат подостоинствено.

„Никому не му посакувам да мине 12 дена како што јас поминав таму, а како човек и политичар ќе работам до максимум на тие луѓе да се чувствуваат подостоинствено“.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде