Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук одговори на соопштението од СДСМ за наводен финаниски скандал.
„Ве тресам јас четврта година по ред, затоа што сте уплашени дека доаѓа денот кога сите вие криминалците обединето и сложно ќе одговарате.
Јас сум генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од август 2017 до декември 2017 година. Вие ќе продолжете да се тресете од стравот дека нема договор со мене, бидејќи јас не се договарам со криминалци.“ – напиша Мицкоски на фејсбук.