Мицкоски: Владата е неспособна, ќе обезбедиме кворум за четири закони

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска преку Фејсбук статус побара да се гласа за четири закони, закони кои се од помош на граѓаните.

,,Со цел да нема изговори и да излезе на површина фактот кој работи за интересите на граѓаните, а кој за свој личен интерес, барам од Собранието на утрешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба, или поточно: Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради корона вирусот и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход. Ќе потенцирам уште еднаш, иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е отворено барање. Владата и СДСМ да престане со манипулации и незрело однесување. Граѓаните не смеат да бидат заложници на неспособната Влада” – напиша Мицкоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде