Мицкоски со последни информации: Со Гаши се слушам секојдневно – немам дилема!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информира дека е во секојдневна комуникација со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши и смета дека партијата нема да биде дел од власта.

-Секојдневно комуницирам со Гаши. Немам дилема, но сепак друго е до неговиот избор. Последно е дека Гаши е во коалиција со Села, која беше формирана во рамките на последните парламентарни избори и локалните сега.

Советникот на Гаши во советот на Град Скопје го поддржа новиот претседавач, Трајко Славески. Имаме коректни односи, вели Мицкоски во емисијата „Утрински брифинг“.

Инаку, можноста за приклучување на пратениците на Алтернатива во парламентарното мнозинство и за влез во Владата, ќе биде тема на најавената за денеска средба на премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Средбата треба да се одржи во Клубот на пратениците во 15:30 часот.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески синоќа на ТВ 24 кажа дека имаат мнозинство во овој момент од 61 пратеник, како и дека Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива и други претставници на опозицијата на која ќе се разговара со зголемување на новото парламентарно мнозинство.

– Тие реговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат за тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата и понатаму ќе носиме одлуки низ партиските телата, изјави Митрески, нагласувајќи дека има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ќе има Конгрес на партијата на 12.12, кој ќе се одржи во Скопје, и на кој ќе се избере лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ на оваа седница на Извршниот комитет закажа Конгрес на паријата на 12. декември ќе се случи во Скопје и за првпат ќе се одржи во Скопје како главен град кој што сега е предводен од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги реафирмиравме одлуките дека сакаме да има предвремени брзи избори и јасната волја на граѓаните на локалните избори“, рече Николоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде