Мицкоски се поклони пред споменикот кај Смилковско езеро: Девет години болка, исчекување, неправда

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се поклони пред споменикот кај Смилковското езеро во чест на петмината кои беа свирепо убиени пред 9 години.

„Девет години од петкратното убиство на Смилковското езеро. Девет години на болка, исчекување, неправда.  Девет години на лажна надеж од Заев и едно траорно и ужасно манипулирање со оваа огромна трагедија. Монструозно поигрување со болката на нивните семејства.

Девет години од бруталното убиство на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Трпковски и Борче Стевковски. Овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите. Нема да бидете заборавени“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде