Мицкоски ретерира: Ќе го поддржиме пописот кога ќе бидат вакцинирани попишувачите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Сител рече дека неговата партија ќе го поддржи пописот во моментот кога сите попишувачи ќе бидат вакцинирани против КОВИД-19.

„Имам модифициран предлог, веднаш нека се донираат 5-6 илјади вакцини за попишувачите, нека ги имунизираат попишувачите, тоа е процес кој што трае месец дена, ќе се одложи процесот на попишување на население и домаќинства, што е тоа во споредба со 20 години чекање и тогаш откако ќе се заврши имунизацијата со попишувачите да се одржи пописот.

Првиот момент кога ќе имаме имунизирани попишувачи каде што здравјето на граѓаните нема да биде загрозено и нема да постои опасност попишувачите да шират опасност ние ќе го поддржиме пописот“, рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде