Мицкоски оствари средба со претставници на иницијативата „Не отворам врата“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека се сретнал со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговарал за актуелната политичка состојба во државата, но исто така ги запознал со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот.

„Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1300 наши сограѓани. На средбата беа запознаени претставниците од иницијативата, но и заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Еуростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде