Мицкоски: Е ова е тероризам, а не 27 април!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ги коментираше денешните случувања во Собранието.

„Ова во Собрание е тероризам, а не 27 април! Кога законите и правилата не важат за власта.

Медиумите пишуваа дека човек почина затоа што немало брза помош, а денес за аздисот на власта и пратеничката има.

Крајот брзо ќе им се случи, а ќе има и кривични пријави и одговорност за кршењето на протоколите, законите и Уставот!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде