Мицкоски добивал закани по случајот со пасошите – „Чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Алфа истакна по објавување на случајот со издавањето на лажни пасоши за странски мафијаши, добивал закани по неговиот живот.

Тој вели дека тие деновиве жестоко се интензивираат, но не чувствува страв поради тоа туку, како што посочува, тие се поголема мотивација.

„Не знам дали се заканува мафијата или не, но чудни телефонски броеви штракаат разноразни пораки, чудни луѓе приоѓаат, чудни мејлови, чудни писма изминативе денови. Телефонски броеви да речеме од соседството, од Русија итн. Јас ќе продолжам и понатаму и ова само ме охрабрува дека сме на прав пат, нема да застанеме“, рече Мицкоски.

Тој додаде и дека по изборите во јули, лани, бил информиран од АНБ дека службените лица кои биле задолжени за негово обезбедување како лидер на опозицијата биле повлечени, затоа што процениле дека немало опасност, и оти доколку денес му биде доделено повторно, не би го прифатил.

Извор: ТВ21

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде