Мицкоски до власта: Погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска преку Фејсбук статус се огласи по повод гужвата на Табановце, каде што голем број на граѓани заминаа во Србија за да примат вакцина.

„Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре. Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.

Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има.“, напиша Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде