Мицкоски: Дијаспората се евидентира, не може да биде дел од пописот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека нема да признае резултати од пописот со дијаспората.

„Дијаспората се евидентира, не може да биде дел од пиписот. Сите лица кои имаат повеќе од 12 месеци одјавени живеалишта, не може да влезат во вкупната бројка на резидентно население, и јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме.

Не постои сила што мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Еуростат. Јасно усвоил Европскиот парламент и Европската Унија методологија за попишување на ‘население и домаќинства’. Сите оние коишто се во моментот на попис надвор, а не го одјавиле живеалиштето во изминативе 12 месеци, може да ја користат он-лајн апликацијата, останатите – не“, рече Мицкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде