Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва преку својот Фејсбук профил повторно побара одговорност од Заев за моменталната ситуација со коронавирусот во државата.
„51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чива е?
Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација. Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање!“-напиша Мицкоски.