Мицевски: Мнозинството е на стаклени нозе, неопходно е ново мнозинство

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вечерва гостуваше во емисијата „Отворено“ на Телевизија 24.

Мицевски истакна дека власта не фунционира добро уште од самиот почеток, бидејќи нема стабилно мнозинство.

„Јавноста е добро запознаена со работата на Собранието, односно со избегнувањето на одговорност од страна на власта и токму затоа ниту СДСМ, ниту ДУИ не треба да ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ. Тие треба да признаат дека мнозинството е на стаклени нозе и дека соработката им е нарушена и е на едно ниско ниво, а тоа ќе допринесе за формирање на ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ.“ – рече Мицевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде