Меси како да живее во 2031. година, го потврдува и овој „пас на иднината“

Фудбалски гениј како Лео Меси веројатно никогаш нема повторно да се појави на сцена. Аргентинецот трае 15 години и делува како да нема рок на траење.

Барселона во финалето на Кралскиот куп го победи Атлетик Билбао со 4:0 со уште една маестрална партија на Меси. За Каталонците ова беше прв трофеј од сезона 2018/19.

Меси во текот на натпреварот имаше низа феноменални пасови. Го постигна и четвртиот погодок за својот тим. Меутоа, неговиот пас од првиот дел е она за што најмногу се зборува.

Во таа прилика фудбалскиот мајстор уште еднаш демонстрираше колку понапред размислува и неговото додавање до Гризман е чист дар од природата.

Ова е уште една причина зошто навивачите на Барселона не можат да го замислат Меси во друг клуб. Хуан Лапорта напорно работи најдобриот играч во историјата да го задржи во тимот.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде