„Меси донесе одлука“ – Sportski

Бившиот голман и спортски директор на Барселона, Андони Зубизарета смета дека Меси веќе донел одлука за својата кариера.

Меси и дружината викендов играат финале на Куп, а Зубизарета смета дека исходот од тој меч нема да влијае на одлуката.

„Меси заслужи да има време да размисли за одлуката. Претседателот Лапорта ќе направи се за да го задржи. Ако остане одлично, ако не, ќе продолжиме понатаму“, истакна Зубизарета.

„Мислам дека Меси веќе донесе одлука во својата глава. Тој е ветеран и сите сме имале моменти кога носиме клучни одлуки во кариерата. Меси е фудбалер, а не маркетиншки производ“, додаде Зубизарета.


Извор Sportski.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде