Менкиновски: Орце Камчев е киднапиран!

Адвокатот на Камчев, Тони Менкиновски на прес конференција во болницата „Аџибадем Систина“ ја обвини власта за киднапирање и тортура кон неговиот клиент кој речиси еден месец е во притвот во Шутка.

„Она што е симптоматично е како различни институции во Македонија една иста белешка различно ја читаа. Судот ја чита дека постои опасност од бегство во Република Бугарија, додека премиерот ја интерпретира сосема поинаку и тврди дека содржината во таа белешка е сосема друга. Како и да е, процедурата е повредена.

АНБ чекала месец дена и во тој месец имала обврка да го извести Бирото за јавна безбедност, и да каже, ако е тоа така, дека постои основано сомнение дека одредено лице ќе се даде во бегство.

Тие тоа не го сториле, го информирале јавниот обвинител и повторно го повредиле законот, бидејќи информација за јавен обвенител што тие можат да си го дозволат во делот шпионажа таксативно е наведена во законот за АНБ за кои дела можат да го информираат јавниот обвинител.

Тука имаме прескокнување на институции и со тоа имаме класична нелегитимност на доказ употребен во судска постапка“ изјави адвокатот Менкиновски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде