Mбапе блескаше, ПСЖ со победа се враќа од Минхен!

Вечерва се одиграа нови натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во дербито кое го играат Баерн и ПСЖ, гостите од Париз предводени од Нејмар и Мбапе успеаа да дојдат од триумф. Мбапе го отвори резултатот уште во третата минута, а во 28. минута Маркињос зголеми на 0:2. Асистент за двата гола беше Нејмар.

Пред крајот на полувремето Чупо Мотинг постигна гол за намалување на 1:2.

После 15 минути во вториот дел Милер постигна гол за изедначување. Сепак, осум минути подоцна Мбапе со својот втор гол ги постави конечните 2:3.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде