Маурицио Сари пред ангажман кој сите ќе ги изненади

Италијанскиот стручњак Маурицио Сари (62) тренерската кариера би можел да ја продолжи во турскиот великан Фернербахче.

Турскиот клуб го отпушти Булута и улогата на привремен тренер до крајот на сезоната ја презема спортскиот директор Емре Белезоглу.

Раководството на клубот започна преговори со 62-годишниот и му понудиле договор, кој е блиску до реализација.

Новата рунда преговори е закажана за следната недела и тогаш ќе биде познато дали Италијанецот ќе седне на тренерското столче во Фенер.

Сари последниот ангажман го имаше во Јувентус со кој ја освои лигашката титула, а претходно работеше и во Челси и Наполи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде