Максим Димитриевски откри: Се слушнавме со Заев после изборите

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, вечерва во централниот Дневник на телевизија Сител потенцираше дека победата во Куманово ја издвојувале граѓаните и ќе продолжи да работи уште попосветено во реализација на програмата.

Тој истакна дека добил голем број на честитки од страна на сопартијците во СДСМ, од актуелни и поранешни носители на јавни функции.

-Мислам дека четири дена по изборите добив порака и од мојот претседател господинот Зоран Заев, му возвратив на таа порака.

Добив честитки и од позицијата од СДСМ, добив честитки и од високи функционери од опозицијата и од другите политички партии.

Никогаш не сум имал заладување на односите со членството на СДСМ, но имав сериозно заладување на односите со дел од лидершипот на СДСМ.

Не чувствувам некое затоплување на тие односи, бидејќи не постои некоја интензивна или сериозна комуникација. Таа е сведена можеби повеќе преку еден, друг или трет, којшто се пренесуваат пораки, што мислам дека е беспотребно.

Јас како актуелен градоначалник на Куманово, во моментов имам исклучива обврска кон граѓаните на Куманово. Тргнав со еден концепт „За наше Куманово“ и да го реализирам во целост, граѓаните се приоритет за мене, изјави Димитриевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде