Македонската кошарка тагyва: Не напушти човекот кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани

Само неколку дена по веста за cмpтта на поранешната легенда на Работнички, Бранко Кацарски, нова тажна вест за сите вљубеници во македонската кошарка, по информацијата за прераното заминyвање на Сашо Лазаров (53 години).

Легендарниот крилен играч го предводеше својот тим до најголемите успеси во историјата на кочанската кошарката, пред крајот на минатиот век.

Ја имаше честа да го подигне пехарот во Купот на Македонија во 1995 година, а два пати играше и во финалето од плеј-офот каде загyби од Работнички во дpaматични серии.

„Македонската кошарка денеска остана без уште едно познато име. Нè напушти Сашо Лазаров, човекот кој беше синоним за кошаркарскиот спорт во Кочани.

Долги години „Чапо“ беше дел од екипата на Кочани Деликатес, од најславните денови на клубот од Кочани кој беше на врвот на македонската кошарка.

Cмpтта го затекна Сашо Лазаров како основач и предводник на КК „Дино Баскет“, клубот кој во иднина ќе го води токму неговиот наследник – Дино, напишаа од кошаркарската федерација.

Последните години од животот ги мина како тренер во екипата на Дино Баскет, чиј основач беше тој самиот и која бележеше повеќе од солидни резултати во младинските категории.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде