Македонската Бијонсе го шокиpaше целиот Балкан – се појави како монахиња, па ја coблече мантијата и направи хаос!

Марија Груевска (23) од Битола со својот настап повторно ги освои сите шест гласови во „Ѕвездите на Гранд“.

Марија Груевска која е од тимот на Александар Милиќ Мили овој пат настапи во дуел со Селим Селимовиќ (28) од Ниш, од тимот на Вики Миљковиќ.

Шармантната битолчанка овој пат се претстави со песни од Марија Шерифовиќ и „Парни ваљак“ и ги освои сите шест гласови. Но бидејќи и другиот натпреварувач освои шест гласови, Саша Поповиќ побара прегласување, по што резултатот беше три-три.

Тогаш жирито почна да му се потсмева на Поповиќ кој требаше да одлучи кој кандидат ќе оди понатаму.

„Те молам, не дозволувај Марија да се пресоблекува повторно. Па два костума, у п.м.“ му кажа Мили на Поповиќ, а потоа им се обрати и на останатите колеги од жирито.

„Што ви е, како три-три? Па погледнете ја неа, зар ова шоу не се вика ‘Ѕвездите на Гранд’?“ алудираше тој на двете извонредни модни изданија со кои Македонката се престави во овој круг.

Таа најпрво се појави во костум на опатица, а потоа се соблече во костум што потсетува на оние од кабаре настапите.

Повеќе во Гламур мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде