Македонија напредуваше три позиции после победата над Германија

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за три позиции на најновата ФИФА ранг листа.

После победите над Германија и Лихтенташтајн напредокот беше очекуван, па сега Македонија се наоѓа на 62-то место на ранг листата.

Нашите ривали на Европското првенство, Австрија е на 23 место, Украина е едно место подолу, додека Холандија е на 16 место.

На врвот на ранг листата немаше поголеми промени, Белгија е лидер пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска која сега е во Топ 10.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде