Македонец паднал во кома откако му се слошило по вакцинирањето во Србија

73-годишен Македонец паднал во кома откако му се слошило вчера по вакцинацијата во Србија потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, пишува „Јужне вести“.

„Нема никакви промени во неговата состојба од вчера“, изјави Перишиќ.

Тој додава и дека не е позната причината зошто е пациентот во кома, но потенцира дека се исклучени кардиолошки проблеми.

„Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени“, вели Перишиќ.

Додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде