Мајалков доби дозвола да си поседи со сопругата и синот за време на паузата

Сашо Мијалков денеска беше спроведен од затворот во Шутка во судница на завршните зборови за незаконската набавка на британска опрема за прислушување.

На Мијалков му беше дозволено во судницата за време на паузата да си поседи со својата сопруга и поголемиот син Јордан.

Да потсетиме, Мијалков е во исчекување на судска одлука за случајот „Трезор“, каде Обвинителството го напаѓа дека место да купи опрема директно од производителот „Гама интернешнл“ од Британија, ја купил од фирмата „Финзи ДООЕЛ-Скопје“. Како управител фигурираше сликарот Коста Крпач, кој беше најден мртов во станот откако СЈО го отвори предметот.

Фото: Фејсбук

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде