Љупчо е возачот кој управувал со автобусот – нови детали за трагедијата

Љупчо Зафиров е возачот кој управувал со автобусот на „Беса транс“ кој вчера се запали на автопат во Бугарија и загинаа 46 лица.

Бугарските медиуми од почетокот шпекулираа дека причина за несреќата најверојатно е „грешка на возачот“ бидејќи возел со брзина од сто километри на час и дека „не постои ниту милиметар трага од кочење“.

Според нивното сценарио, тој изгубил контрола над автобусот, по што возилото удрило во обележаната банкина и се запалил од последица на ударот.

Другата веројатност е дека пукнала гума пред тој да ја изгуби контролата над возилото кое потоа удрило во банкината, по што избил пожар.

Порталот„Во Центар“ пренесе хипотези од бугарски медиуми за можните причини за неcpеќата: Последни вести од Бугарија: Хипотези (!?) за можните причини за трагичната несреќа, бугарските медиуми излегуваат со нови информации!?

Возачот заспал додека возел, имал ненадеен здравствен проблем, груба грешка при полнење гориво или техничко оштетување на автобусот за време на возењето.

Ова се верзиите од истрагата за тешката сообраќајка на автопатот Струма, во која загинаа 46 граѓани на Македонија. Дванаесет од жртвите се деца.

Седум лица кои се сместени во болницата Пирогов преживеале и нивните животи се надвор од животна опасност.

Оваа се анализите кои вечерва ги прават бугарските медиуми кои се повикуваат на извори од истрагата.

Како што напиша Труд, денеска нешто по 2 часот по полноќ, автобус на македонска компанија што патувал со туристи од Истанбул за Скопје, се запалил на 31-от километар од автопатот Струма. Во тоа време врнеше слаб дожд, патот беше лизгав.

Околу 20 минути претходно автобусот застанал на бензинска пумпа во месноста Драгичево. Како што пишува Труд, додека патниците одмарале, можно е или се претпоставува дека двајцата возачи сипале нафта од туби во багажниот простор.

Труд не презентираше докази за оваа своја претоставка. Според извори на Труд, можно е да било истурено гориво или да не ги затвориле добро капачињата на тубите.

Возачот не се ни обидел да ги отвори вратите. Жестокиот пожар го зафатил предниот дел, а седуммина од патниците на задните седишта го скршиле задното стакло и успеале да излезат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде