Лоша вест за пушачите: Цигарите би можеле да „исчезнат“- еве до која година

Употребата на цигари би можела да престане во САД, некои делови на Европа, во Австралија и големи делови на Латинска Америка доколку продолжи сегашниот тренд.

Според новиот извештај, пушењето во голем број земји би можело да се намали до минимум во следните 30 години, кога пушачите ќе престанат на консумираат цигари или да преминат на алтернативни производи.

Пушењето ќе исчезне до 2050 години во САД, во делови на Европа, во Австралија и големи делови на Латинска Америка доколку продолжи трендот на опаѓање, кој е забележан во последните десетлетија, напиша аналитичарот Адам Спеилман, објави Блумберг.

Анализата покажува колку е важно Биг Тобако да се „вооружи“ со конкурентни алтернативни цигари.

Тутунската индустрија претрпе некои од најголемите промени во својата историја: бројот на деца кои моментно пушат се намали за речиси три четвртини во изминатите 20 години, употребата на цигари кај мажите, исто така, првпат забележа пад.

Филип Морис Интернешнал, производителот на цигарите „Марлборо“ и „Честерфилд“, исто така, најави дека цигарите би можеле да застарат во рок од 10 години.

Компанијата ја презеде лидерската улога во обезбедување алтернативи на пушењето со својот IQOS уред со загреан тутутн, а моментно речиси една четвртина од своите приходи ги остварува од незапаливи производи, што предизвика трка со конкурентите, како на пример со Бритиш Американ Тобако.

Според извештајот, Алтриа Груп заостанува најмногу, бидејќи таа американска корпорација 82 отсто од својот бизнис го заснова на цигарите, истакна Спеилман.

Сепак, производите од новата генерација го забавија падот на употребата на никотин на многу пазари, а на некои можеби е вратена назад, напиша аналитичарот.

Во земјите како Кина, Франција и Русија, пушењето цигари најверојатно ќе биде вообичаено и во 2050 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде