Љиљана, жената за која Тома ја напиша песната ја раскажа приказната за нивната врска

Филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ, со денови псотигнува успеси и ги полни кино-салите низ целиот свет. Гледачите со задоволство и тага ги следат презентираните спомени и настани за животот на еден од великаните на српската музика.

Меѓутоа, покрај одличното автобиографско дело, филмот е надополнет и со измислени сцени, кои всушност не биле дел од животот на Тома.

Некои ситуации прикажани во филмот „Том“ се претставени романтизирано, една од нив е сцената со Љиљана, на која и ја посвети песната.

Сепак, вистината е поинаква. Познатата песна на Томо Здравковиќ „За Љиљана“ е создадена поради различни околности. Тој ја напиша оваа прекрасна песна и ја посвети на актерката Љиљана Благојевиќ.

Своевремено заедно ја снимаа серијата „Докторот во село“, а во таа прилика на Љиљана му се допадна на Тома. Иако никогаш не влегле во љубовна врска, Тома и напишал песна на Љиља, а таа подоцна признала дека тоа и направило да се чувствува многу непријатно.

– Тома беше добар и искрен колега. Тој не беше актер, но имаше голем талент за глума. Тој беше еден од нашите најголеми текстописци и ако живееше во Франција, ќе беше светска ѕвезда, изјави во една прилика актерката Љиљана Благојевиќ за Тома.

Исто така, ова не е единствената сцена која содржи измислени елементи. Според наводите, докторот кој во филмот го игра Петар Бенчина не бил во животот на Тома, барем не на тој начин.

Во филмот е прикажано дека песната е посветена на сопругата на докторот која го напушта овој свет за време на филмот.

Всушност, оваа информација, дека ѝ е посветена песна, актерката Љиљана ја криела долго од јавноста затоа што ѝ било непријатно тоа да го каже, а тајната ја открила нејзината ќерка Калина.

-Ние две гостувавме во некоја емисија, и Калина тоа тогаш го кажа. Јас бев целата зачудена: Како тоа да го кажеш?“, ѝ рекла Љиљана на својата ќерка, а таа ѝ одговорила: Па, јас би била најсреќна ако некој напише песна за мене!

Да, тоа се случи на снимањето ан серијата „Докторка на село“. Тома Здравковиќ беше многу талентиран глумец. Ете, тоа е уште еден од доказите дека талентот не оди сам, голем канатвтор, пејач, текстописец, композитор и актер.

И сечевам дека во таа серија многу добро глумеше, и се сеќавам дека ја снимавме таа свадба, и тогаш тој рече: Јас на тебе ќе ти посветам песна.

Убаво соработувавме и убаво се дружевме, општо, целата екипа беше прекрасна“, раскажа Љиљана во емисијата Шок ток на ТВ Прва во Белград пред неколку дена.

rav

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде