Лиде Лиде му посвети песна на Венко: „Го чекам во када мокра ко сирена, дојди ти кај дада ноќва со сирена“

За мене и министерот датумите 18 и 19 имаат значење, беше ноќта на 18ти кон 19ти кога на телевизија рече дека ќе пиеме кафе, се сретнавме на 19ти минатиот месец и еве сега на 18ти кон 19ти се случи песната, вели Лиде Лиде, најголемата обожавателка на министерот Венко Филипче.

„А што да правам, тој човек ми е инспирација, зошто никој не ме разбира. И преку телевизор има хемија. Дали е до короната не знам ама знам дека короната е крива за се што се случува. Навистина многу е интересна работата со датумите. Тој кога кажа- да за кафето на 18ти вечерта.

Така и песнава на 18ти вечерта ја објавив. Се сретнавме на 19ти минатиот месец. Којзнае што ќе се случи на 18 и 19 следниот месец, може стварно ќе заврши пандемијата или може стварно ќе пиеме кафе. Мислам дека треба да седнеме на кафе за да заврши пандемијата“, вели Лиде и додаде:

„Мислам дека јас сум му релаксација после сите стресови. И јас со пораки, песни, емисии за него нема да престанам, се додека тој не ми рече. Песната ми ја смисли еден рапер. А сакав да ја напишам сама, ама тој се стави во моја улога и ја направи. Кога ми ја прати, кога ја читав се газев од смеење и не знаев дали ќе можам да ја изрецитирам.

Па после ми стана незгодно, ама си реков што да не. А што има лошо во ова? Имам и лого за „Лиде на Венко“. Мене ми се допаѓа, некои се смееја ама лоши коментари нема. Сега треба да барам спонзори за спот. Еве го поканувам министерот ако сака да го спонзорира спотот, да се овековечиме со песна.

Којзнае што ќе рече кога ќе ја види песната. Мислам дека ќе се насмее. Он не е таков, баш е супер“

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде