Лиде Лиде и Венко Филипче конечно се сретнаа (Фото)

Жената која стана вистински хит со коментарите за Венко Филипче на социјалните мрежи конечно и се исполни желбата.

Популарната Лиде Лиде конечно успеа да го запознае министерот Филипче, а во опис на фотографијата која ја објави на Фејсбук напиша: „Конечно го сретнав.“

Лиде од почетокот на пандемијата често го канеше министерот на кафе и бараше лична средба со него, па сега желбата конечно е остварена.

Посебно внимание привлекува и маската на Лиде на која пишува „Лиде Венко“, со што уште еднаш покажа дека е негов вистински обожавател.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде