Лефков: Филипче да каже кој и дали се вакцинирал преку ред

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска на прес-конференција го запраша министерот Филипче да каже кој и дали некој се вакцинирал преку ред и дали се прават списоци за вакцинација на луѓе од власта.

Во целост изјавата на пратеникот Лефков:

Почитувани,
И денеска сме овде пред Министерството за здравство. Со денови барамe декласификација на документите на вакцинирани, а Филипче бега. Самиот факт што бега, говори дека си ја има „мувата на капата“


Не смее и не може додека докторите се борат за нашите животи деноноќно, некој друг да се вакцинира преку ред.Наместо примарна заштита на лекарите и медицинскиот персонал, ние имаме вакцинации како таа на секретарот на струшката болница, кој се вакцинираше преку ред. Колку уште такви случаи има и кои имиња се кријат?Филипче, дали е вистина дека се прават списоци за приоритетна вакцинација на лица од власта и од СДСМ?

Филипче, уште колку време мислиш дека ќе криеш кој се вакцинирал преку ред. И да не кажеш сега, наскоро по промената на власта ќе се отвори документацијата и се ќе биде објавено јавно. А тогаш нема да ги имате ниту институциите кои ве штитат, ниту блокадата во медиумите кои ја создаваат од Владата.


Се ќе излезе на виделина. Сите вакцинирани преку ред ќе се дознаат. Ќе одговарате за секој прерано згаснат живот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде