Кривична пријава против малолетник од Скопје за oбљy6a врз малолетничка

СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка, и против неговиот родител А.Д. на 32 години од Скопје, како и против С.Д. на 43 години, родител на малолетничката, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Во текот на април 2021, малолетниците се запознале и почнале невенчано да живеат заедно, при што малолетничката забременила и се породила. С.Д. и А.Д. се осомничени затоа што ја запоставиле нивната родителска грижа со тоа што им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат во вонбрачна заедница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде