„Кралска“ рапсодија во Мадрид, Сити со минимална предност (Видео)

Реал Мадрид и Ливерпул одиграа исклучително возбудлив натпревар на кој значајна предност постигнаа „кралевите“. Сити до победа во последна минута.

Од самиот старт Реал наметна свое темпо и стигна до предност во 28-та минута. Тони Крос испрати фантастична асистенција до Винисиус, кој го матираше Алисон за предност од 1:0.

Десет минути подоцна одбраната на Ливерпул повторно капитулираше, а стрелец за 2:0 беше Асенсио, резултат со кој се замина на полувреме.

Ливерпул немаше шут во рамките на голот во првиот дел, но второто полувреме го почна фуриозно. Во 50-та минута една после една полуконтра Жота шурираше, топката дојде до Салах, кој намали на 2:1.

Реал и во остатокот од мечот беше доминантен, а Винисиус во 65-та минута зголеми на 3:1, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Манчестер Сити беше голем фаворит против Борусија Дортмунд и брзо стигна до водство, во 16-та минута погоди Де Брујн.

Меѓутоа, „милионерите“ не се предадоа и во 84-та минута дојдоа до израмнување преку Ројс. „Граѓаните“ сепак со предност ќе патуваат во Германија, бидејќи во 90-та минута Фоден погоди за 2:1.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде