Ковид во училиштата: Заразени 76 ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство

Министетството за образование и наука информираше дека согласно вчерашните извештаи од училиштата заразени се 76 ученици и 123 наставници.

„Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 процент активни случаи на КОВИД-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Доколку, пак, има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите.“- соопштија од МОН.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде